Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан побара од своите играчи да останат смирени и да не ги зафаќа еуфорија, по преземањето на врвот на табелата во шпанската фудбалска Примера.
-Моменталниот пласман на табелата не менува ништо. Сезоната е долга и тешка. Ние мора да продолжиме да го правиме она што го правиме добро. Не смееме тука да застанеме. Пред нас се уште многу предизвици, изјави Зидан.
Реал Мадрид од синоќа е лидер во шпанското фудбалско првенство, за прв пат по 100 дена.
По 21. коло мадридскиот клуб има 46 бода, три повеќе од второпласираниот Барселона.