Недалеку од малиот хрватски остров Зларин во Јадранското море падна хеликоптер, јавуваат медиумите од оваа земја.
-Ве известуваме дека во оперативно дежурство на полицијата во 11.06 часот примена е дојава дека меѓу Заблач и Зларин во морето падна хеликоптер – соопштила полицијата, а пренесува „Индекс“.
Веднаш по примената дојава кон местото на несреќата се упатени два брода на поморската полиција со потребните службеници. за несреќата се известени и сите други надележни служби – пристанишната капетанија, итната помош, пожарната бригада и другите надележни служби.
– По пристигнувањето на местото на несреќата и преземените мерки благовремено ќе биде информирана јавноста соопшти полицијата.