Да се знае кој е кој – Бред Пит со беџ на кој пишува за што е номиниран

Бред Пит и неговиот добар другар Леонардо Дикаприо во понеделникот беа заедно на свечен ручек во Холивуд на кој присуствуваа номинираните кандидати за Оскар.

Бред (55) на себе имаше преголем сив костум, а Леонардо (45) се реши за класичен црн во комбинација со снежно бела кошула.

И без оглед на фактот дека повеќето знаат кој е Бред Пит, актерот на реверот имаше беџ на кој го пишуваше неговото име и категоријата во која е номиниран.

„Бред Пит. Актер во Споредна улога, Беше еднаш… во Холивуд, ОСКАРИ“ пишува на беџот.

Номинираните за 92-те Оскари во понеделникот се собраа во балската сала „Реј Долби“ во Холивуд на традиционален годишен ручек за номинирани кандидати. Одзивот беше голем како и обично, а настанот оваа година започна со момент на молчење за Коби Брајант, неговата ќерка Џијана и седум други жртви на хеликоптерска несреќа што се случи во неделата.

Ова е прв пат традиционалниот ручек да се одржува во Реј Долби.  Претходно, ваквите средби се случуваа во Беверли Хилтон, но поради скратената сезона на Оскарите, свечениот настан мораше да се пресели.

Oscar 2020 Class Photo

 

 

Треба да знаете
Последни објави