„Мислам дека не е можно, со оглед на различните траектории во кариерата. Сите чувствуваат така, зошто да се плеткаме со нешто што беше вистински начин да заврши серијата?“
„Не сакам да правам било што за пари. Мора да има некаква смисла креативно, а ништо од тоа што ни било претставено како идеја досега нема смисла,“ вели 53-годишниот актер и додава дека можеби треба да има афроамерикански или сеазиски Пријатели.
„Бев свесен за недостатокот на разноличност и долго време водев кампања за Рос да има средби со црнкињи“.
„Една од првите девојки што ги имав во серијата беше Азијка, а потоа излегував со афроамериканки. Тоа беше многу свесен притисок од моја страна.
„Пријатели“ се најдоа под оган последниве години по тврдењата дека имало елементи на сексизам, хомофобија и трансфобија во серијалот – кој траеше 10 сезони од 1994 до 2004 година – но Дејвид не обрнува внимание на таквите критики и вели дека луѓето треба да гледаат во „она што серијата се обидуваше да го направи во тоа време“.
Во изјава за весникот „Гардијан“ тој додаде: „Вистината е дека таа серија во свое време беше револуционерна поради лежерниот пристап кон секс, заштитен секс, геј брак и геј врски.