Кој е виновен за убиството на Харун Алиу, прашува Ел Чека во последните „бомби“ кои пак ги пушта на својот Фејсбук профил, иако е осуден на условната казна од една година затвор.
Харун Алиу, поранешен лидер на партијата Национална алтернатива, кој важеше и за мозокот на АНА, а кој беше убиен во полициска акција во Радуша во 2010 година е постојана тема на Ел Чека.
Шеќерим Ахмеди, познат како Ел Чека во постот поврзан со една од последните аудио-снимки ги прозива реисот Сулејман Реџепи и неговиот син, како и Беким Дрдишта како виновници за предавството кое резултирало со смртта на Алиу.
На снимката се слушаат разговорите се водат помеѓу лидерот на ДУИ Али Ахмети со Талат Џафери, Блерим Беџети и Муса Џафери.
Кичевскиот суд во минатата недела го осуди Ахмеди на една година условна казна затвор, доколку во наредните две години не стори ново кривично дело.