– Жителите на кинескиот град Вухан, кои се затворени во своите домови поради епидемијата на коронавирусот, се обидуваат самите да се охрабрат, па синоќа во некои згради се здружиле, излегле на терасите и заедно ја пееле националната химна и други песни.
Во стамбените блокови одекнувал рефренот на кинеската химна, кој гласи „стани, стани, стани”, додека некои граѓани извикувале „Бори се Вухан”.
Досега од коронавирусот починале 107 лица, а заразени се речиси 4.600 луѓе.
Коронавирусот се појави во Вухан, од каде се прошири низ Кина и во светот. Градот со 11 милиони жители моментно се наоѓа во целосен карантин.