Каракамишева: Овој закон не е реформски туку за вдомување на кадрите на СЈО

Свои забелешки на предлогот на законот за јавното обвинителство на јавната дискусија организирана во Собранието на Македонија изложи и проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска, професор по Уставно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“.

-Предлог законот е лоша имитација на оној од 2007 година, да беше реформски ќе имавме сосема нов закон, а не лоша компилација од претходниот за кој имаше забелешки од Венецијанската комисија и истите да бидат вметнати во овој закон. Полтронско вметнување на одредби од забелешките од 2007 год. Ќе ви дадам еден пример ако, некоја девојка во 2007 побарала мислење од моден креатор за облека, дали после 13 години кога таа е веќе оформена жена би ја носела таа креација. Сметам дека предлагачот го користи овој закон да ги вдоми кадрите на СЈО, рече
Каракамишева.

Таа додава дека законот е против уставен и дека во ваква верзија не треба воопшто да се носи, туку да се изработи нов закон.

-Кога сме кај почитување на правото, ме интересира дали за овој предлог на закон е испочитуван Деловникот на Собранието, односно дали овој предлог на закон е официјално доставен до Собранието? Познато е дека за да има јавна дискусија предлогот на законот требал да помине прво читање во законодавно-правната комисија како матично работно тело. Седница на Собранието за прво читање на предлог на закон се одржува во рок од десет работни дена од денот на донесувањето на решението за свикување на седницата, но не подолго од 20 работни дена од денот на доставувањето на предлогот на законот до пратениците. Според член 144 од Деловникот, по општата расправа Собранието одлучува дали предлогот на законот може да се даде на второ читање. Ако Собранието одлучи дека предлогот на законот е прифатлив и може да се даде на натамошно читање се продолжува со законодавната постапка. Според член 145 за предлогот на закон кој е од поширок интерес, Собранието по општата расправа, може да одлучи по тој закон да се спроведе јавна дискусија и да определи матично работно тело што ќе ја организира јавната дискусија. Прашањето ми е зошто не е почитувана деловничката процедура, праша Каракамишева.

 

Треба да знаете
Последни објави