Принцот Вилијам (37) има нова титула. Кралицата Елизабета Втора (93) го назначи својот внук за нов врховен комесар во Генералното собрание на Шкотската црква. Вилијам ќе биде личен претставник на британскиот монарх во Шкотската црква вршејќи разни официјални посети и церемонијални должности, пишува „Пипл“.
Принцот ја презеде улогата од Ричард Скот, а пред него беше принцезата Ана (69).
Веста дојде по одлуката на Хари (35) заедно со Меган Маркл (38) да се повлече од кралските должности. Оваа пролет двојката ќе ги загуби кралските титули.
Кејт Мидлтон (38) и принцот Вилијам, од друга страна, работат посилно од кога било. Тие продолжија да прават сè што правеа досега, а неодамна организираа забава во Бакингемската палата во чест на кралицата.