Вториот светски тениски рекет Новак Ѓоковиќ кој во моментов го игра четвртфиналниот меч за одбрана на титулата на гренд-слем турнирот Австралија опен во Мелбурн, против Милош Раониќ, на „Род Лејвер арената“ излезе во специјално дизајнирана тренерка со иницијалите на неговиот пријател Коби Брајант, со броевите „8“ и „24“ и едно големо срце.
Познато е дека двајцта беа добри пријатели и Новак често зборуваше дека легендарниот кошаркар има големо влијание во рзвојот на неговата кариера. Брајант во неделата заедно со неговата ќерка Џана и уште седум личности загина во хеликоптерска несреќа во Калифорнија.