Откриено што се случувало во хеликоптерот на Брајант во последните моменти пред несреќата

Кошаркарската легенда Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа во неделата наутро по локално време откако леталото во кое беше ѕвездата на НБА, заедно со осуммина други, се урна во Калифорнија. Временските услови биле многу лоши, а поради густата магла речиси ништо не се гледало.

Ова го откриваат последните пораки разменети меѓу пилотот и контролата на летови. Во својата последна порака, пилотот вели дека се искачува на поголема височина за да го избегне густиот облак од магла.

Како што пренесува Си-ен-ен, на прашањето од воздушната контрола, што точно сака да направи, пилотот не одговорил. Хеликоптерот на Коби Брајант последен пат бил забележан на радарот во 9:45 часот по локално време. Податоците од радарите укажуваат дека хеликоптерот се искачил на седумстотини метри и направил свртување во лево.

Колку биле лоши условите за летање говори и фактот што тоа утро полицијата ги приземјила сите свои хеликоптери.

Ударот на хеликоптерот во ридот во близина на градот Калабасас бил толку силен што делови од него излетале на неколку стотици метри. Експертите велат дека шансите да се преживее таков удар се екстремно мали, речиси невозможни.

Коби Брајант, заедно со неговата 13-годишна ќерка Џијана и седум други лица, меѓу кои и пилотот, летале кон местото Таузенд Оукс на јуниорски кошаркарски натпревар. Џијана требало да игра на натпреварот, а Брајант да биде тренер на нејзиниот тим.

Треба да знаете
Последни објави