Поранешниот крал на Белгија, Алберт Втори призна дека е биолошки татко на 51-годишната Делфине Бел, откако беше присилен да даде примерок за ДНК анализа, пренесуваат светските медиуми.
Тестовите покажале дека 85-годишниот поранешен крал е биолошки татко на белгиската уметница Делфине Бел, соопшти денеска адвокатот на поранешниот монарх, со што е ставен крај на деценискиот долг спор за ова прашање.
Алберт, кој пред шест години абдицираше во корист на својот син Филип, долго време ги негираше тврдењата на Делфине Бел дека тој е нејзин биолошки татко и дури во мај минатата година, на барање на судот даде примерок за ДНК анализа.