Долгогодишниот британски комичар и водител на култната радиоемисија „Just A Minute“ , Николас Парсонс (96) почина по кратко боледување на 96- годишна возраст, пренесуваат бројни британски медиуми.
Во Велика Британија, Парсонс беше обожавано лице и глас, многу почитуван од слушателите на радио „Би-би-си“. Емисијата почнал да ја води уште во 1967 година, а нејзиниот формат останал речиси ист до последните денови.
Интересно е што во 2018 година Парсонс ја пропуштил првата емисија по повеќе од 50 години. Водителот во тоа време ги загрижил неговите обожаватели и слушатели, но „Би-би-си“ наскоро ја смирил ситуацијата и појаснил дека станува збор само за кратка пауза што Николас решил да ја земе по децении.
Меѓу гостите во емисијата на Парсонс биле многу познати личности, а една од најслушаните емисии била онаа кога тој бил домаќин на принцот Чарлс (71), голем обожавател на ликот и делото на Парсонс.