Олег Тјагнибок, лидер на украинската екстремно десничарска партија Свобода, побара од властите во Киев да го следат примерот на Полска и на алтичките држави и да побараат обештетување од Русија за низа историски поплаки, пренесува РТ.
Радикалниот политичар, познат по антисемитските и ксенофобични ставови, очекува Москва да плати за штетата предизвикана за време на Втората светска војна кога Советска Украина беше нападната од нацистичка Германија. Тој сака повеќе пари за „окупацијата“ во текот на минатиот век, за запленувањето и колективизацијата од страна на болшевиците, како и отштета за трите бранови глад и десетиците милиони убиени Украинци.
Тјагнибок исто така бара исплата на побарувањата на Украина на дел од рускиот „Дијамантски фонд“, вредна колекција скапоцени камења и накит, пандан на британскиот кралски накит, што се чува во ооружарницата „Кремљ“ во Москва.
Списокот не застанува тука: тој дополнително сака дел од девизните резерви на стариот СССР. Сепак, лидерот на партијата Свобода не зема предвид дека Русија, по распадот на Советскиот Сојуз, ги презеде долговите на сите свои конститутивни републики, вклучувајќи ја и Украина. Товар што предизвика значителни финансиски главоболки во 90-тите години во Москва, деценија која кулминираше цо економската криза и банкрот во 1998 година.
Пишувајќи на каналот на „Телеграм“ во понеделникот, тој посочи дека „Московјаните ни должат како никој“ и се пожали дека „украинските власти не си трошат ни здив за тоа“. Тјагнибок ги обвини лидерите во Киев дека флертуваат со непријателот и дека работат на одржување на трговските партнерства.