Унгарија годинава ќе продолжи со обемната програма за модернизација на своите вооружени сили, при што ќе набави 44 тенкови и 24 самоодни хаубици од Германија, во вредност од околу половина милијарда евра.
Според порталот „Балканска безбедносна мрежа“ (www.balkansec.net), програмата предвидува набавка на 44 тенкови Леопард 2А7 и 24 самоодни хаубици PzH-2000 од Германија.
Во истиот пакет Будимпешта добива 12 половни тенкови за обука Леопард 2 и 13 логистички возила.
Испораката се очекува да почне следната година, а да заврши во 2025 година.