Фетаи: ЕУ да врши мониторинг на изборот на обвинител и јавноста да биде максимално вклучена

Oбвинителката Фатиме Фетаи на jавната расправа за Закон за Јавно обвинителство рече дека прелдожениот закон не е идеален, но е солиден, а чија цел е да дојдеме до законско решение кое ќе му овозможи на обвинителството ефикасно да се бори со организираниот криминал и корупција.

Споед неа, во постапката за избор на шеф и обвинители во тоа обвинителство да биде вклучена и канцеларија на ЕУ во Република Северна Македонија.

-Во предлогот се вметнати решенија комапктибилни со законите на земјите членки на ЕУ. Сметам дека треба да има промени кај надлежноста на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и избор на шеф и обвинители. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција треба да постапува пред кривичниот и апелациониот суд, а со тоа да му биде променет и називот во Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, без основно, рече Фетаи.

Обвинителката смета дека подобро би било во вакви ситуации, обвинителот од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција да постапува и во апелација, бидејќи тој си го познава предметот.

Обвинителката го истакна и делот за постапката за избор на шеф и на членови.

-Бидејќи сакаме силно обвинителство со финансиска независност, критериумите за избор на шеф и обвинители во обвинителството треба да бидат построги. Ние сме мала земја и може да има влијанија. Како би го тргнале теретот, а изборот да биде без дамки, предлагам во постапката за избор на шеф и обвинители во тоа обвинителство да биде вклучена и канцеларија на ЕУ во Република Северна Македонија преку мониторинг почнувајќи од моментот на интервјуирање до избор на кандидатите и тие да имаат право да дадат мислење за тие кандидати. Вториот момент, јавноста да биде максимално вклучена, дали преку јавно објавување или на интервјуата да видиме какво претходно искуство имал кандидатот. Само на тој начин би биле способни да ја тргнеме прашината за изборот и би се приближиле до целта, обвинителите да влеат доверба во јавноста и само така обвинителот ќе продуцира правда, истакна Фетаи.

Треба да знаете
Последни објави