Тренерот на лидерот во шпанскиот фудбалски шампиона Реал Мадрид, Зинедин Зидан зборуваше за статусот на играчот Еден Азар.
– Тренира, ама сè уште не може да игра. Тој се врати на тренинзите, но не е вклучен во групната работа. Оваа недела ќе видиме како ќе му оди. Ќе му треба малку време да се врати во форма. Верувам дека Азар го може тоа, изјави Зидан.
Што се однесува до Бејл, ќе дознаете утре кога ќе се појави во составот. Некои работи се случуваат, но јас не сум тука да зборувам за нив. Секој сака тој да биде во ред и да не чувствува непријатност. Тој е скоро во совршена состојба, додаде тренерот Зидан.
Утре Реал Мадрид ќе игра против Сарагоса во натпреварот во Купот на Шпанија. Натпреварот ќе почне во 21 часот.