Блејк Лајвли неодамна на својот Инстаграм сподели драга меморија – фотографија на жена со затегнат стомак – а пет месеци по породувањето нејзината фигура е феноменална.
Мајката на три деца сè уште изгледа како „нокаут“ на промоцијата на својот нов филм, акционата драма The Rhythm Section, кој својата премиера ќе ја има на 31 јануари.
Таа во понеделникот облече елегантен разголем фустан од црно кадифе и кожа додека присуствуваше на промоцијата во Њујорк.
The Rhythm Section е британско-американска трилер-акција во режија на Рид Морано, заснован на истоимениот роман на Марк Бурнел. Во филмот глумат Блејк Лајвли, Џад Лоу и Стерлинг Браун.
На црвениот тепих ја придружуваше вториот протагонист во филмот, Џад Лоу, чиј лик помага таа да стане машина за убивање