(Видео) ВМРО-ДПМНЕ со транспарент го праша Јовески зошто го крие писмото од Јанева

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ објавија транспарент во текот на обраќањето на јавниот обвинител, Љубомир Јовески, на почетокот на јавната расправа за законот за јавното обвинителство, во салата Борис Трајковски , во македонското Собрание.

На транспарентот пишува:  “Г-дин Јовески, до кога ќе го криете писмото со кое притворената Катица ви даде незаконска наредба? (чл. 60, закон за ЈО)”.

После тоа, првиот човек на комисијата, Кирацовски, побара пауза од 5 минути, но пратениците од ВМРО го тргнаа транспарентот и дебатата продолжи со говорот на Јовески.

(Делот со инцидентот е во 37 минута од видеото)

https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/171385330798548/?t=1466

Треба да знаете
Последни објави