ВМРО-ДПМНЕ го остави Еурокомпозит во долгови, СДСМ го реши статусот на околу 153 стечајци од оваа компанија со закон на кој токму ВМРО-ДПМНЕ се противеше

Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ, партијата потоната во матрицата на лаги, измислици и невистини целосно се изгубија од реалноста.
 
Токму ВМРО-ДПМНЕ ги остави работниците и компанијата Еурокомпозит од Прилеп, заглавени во децениски проблем кој резултираше со блокирана сметка и заостанати долгови.
 
Кога Мицковски обвинува за лажни ветувања заборава дека Владата предводена од СДСМ вистински се грижи за најранливите.
 
Токму со законските измени на Законот за стечајни работници за кој се залагаше и го донесе СДСМ, а своевремено го кочеше ВМРО-ДПМНЕ се реши статусот на 12.000 стечајци.
 
Околу 153 стечајни работници се од Еурокомпозит 11 Октомври Прилеп,кои  материјално се обезбедени со месечен надоместок од над 8.000 денари до пензионирање.
 
Неодамна Собранието на Република Северна Македонија ги изгласа и најновите законски измени со кои треба да бидат опфатени уште 1.000 стечајци. Во оваа група се очекува да влезат и дел од работниците од Еурокомпозит коишто се невработени.
 
Исто така донесен е Законот за претворање на побарувањето на Република Северна Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во Друштво за производство на производи со посебна намена „11 Октомври – Еурокомпозит АД” Прилеп со кој се исполнуваат барањата на поранешните и сегашните вработени на ова претпријатие во државна сопственост.
 
Практично ќе бидат надоместени заостаните долгови по однос на придонес за пензиско и инвалидско осигурување на вработените, со што се исправа повеќегодишната неправда кон вработените и ќе им биде евидентиран остварениот работен стаж во компанијата, за да можат соодветно сите сегашни и поранешни вработени да го остварат правото на пензија согласно минатиот труд.
 
Невидено лицемерие е од страна на Христијан Мицковски да зборува за Еурокомпозит кога неговата матична партија ја доведе компанијата до таа состојба.
 
Затоа граѓаните на 12 април ќе ги поддржат политиките на СДСМ кои се пример за вистинска грижа за сите граѓани и ќе порачаат режим – никогаш повеќе!
Треба да знаете
Последни објави