Надлежните институции во правосудството мора до крај да го расчистат случајот во јавноста познат како Рекет и сите досега отворени предмети истраги мора да добијат правен епилог.
Последните случувања околу предметот „Империја” отвораат сомнежи дека во тој предмет постоел поткуп и намерно се опструирал со поткупување на обвинители, со притисоци на политичари и бизнисмени, со уцени и закани.
Со повикот на ВМРО ДПМНЕ да се разрешуваат судии партијата уште еднаш докажа дека и пречи случајот „Империја”, во кој главен осомничен е тајкунот на режимот, Орце Камчев.
Христијан Мицковски и ВМРО ДПМНЕ, преку своите инсталации во правосудството од времето на режимот, како и преку обвинети и осомничени лица, преземаат секакви активности само да и наштетат на правната држава и да го загрозат владеењето на правото.
Правната држава подразбира гонење и затворање на сите криминалци, затоа ВМРО ДПМНЕ создава правен хаос и контролирано судство, за ниту еден нивен функционер да не биде повикан на одговорност.
Деструктивното однесување на ВМРО ДПМНЕ, кон сите прашања и предмети од кои зависи европската иднина на државата, се интензивира деновиве кога се носи Законот за јавно обвинителство, а кој гарантира завршница на досиејата на СЈО.
За да го поткопа до крај правниот систем и за да го заштити криминалот на своите сопартијци, Христијан Мицковски упорно бега од одговорноста за новиот закон. Најголемата причина за тоа се предметите на СЈО кои ќе продолжат да се процесуираат.
Законот за јавно обвинителство обезбедува независно, стручно и објективно постапување, и тој Закон ќе биде донесен.