Далас како гостин ја совлада Оклахома (107-97), а најдобар на паркетот како по обичај сезонава во победничкиот тим беше словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ. Младиот Дончиќ мечот го заврши со 29 поени, а имаше и 11 скокови и пет асистенции,.
Дончиќ овој меч го одигра во чест на трагично загинатат НБА-ѕвезда Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џиана Марија, која беше меѓу жртвите во хеликоптерската несреќа.
Словенечкиот кошаркар ги испиша нивните имиња на своите патики, но исто така се сети и на останатите настрадани во трагедијата.
-Ова беше мојот најтежок меч во кариерата. Уште не верувам. Секогаш ќе останеш со нас, порача Дончиќ.