Евроамбасадорот Самуел Жбогар порача дека земјава треба да продолжи со реформите во клучните области и дека новиот закон за јавно обвинителство ќе биде донесен пред да се распушти парламентот.
„Земјата треба да продолжи да ја демонстрира својата посветеност на реформите во клучните области. Се надеваме дека новиот закон за јавно обвинителство ќе биде усвоен пред распуштање на Собранието. Предлог-законот кој е на маса е добра основа за донесување на консензуална одлука“, порача Жбогар во својот говор на тркалезната маса во Скопје за перспективите и предизвиците на патот кон ЕУ и НАТО.