Кинескиот претседател, Си Џинпинг, во понеделникот даде важни насоки за борба против епидемијата од коронавирус, нагласувајќи дека ќе се потпре на населението во контролата и сузбивањето на вирусот.
Си истакна дека партиските комитети и владата на сите нивоа мора целосно да се мобилизираат, распоредат и да ја зајакнат својата работа во согласност со одлуките и аранжманите на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина (КПК), кои им даваат врвен приоритет на заштитата на животот и здравјето на луѓето, пренесува српски „Телеграф“.
Си, кој исто така е генерален секретар на Централниот комитет на КПК и претседател на Централната воена комисија, упати забелешки во упатство до партиските организации, членови и службени лица, барајќи од нив да ги обединат луѓето во решително спроведување на одлуките на Централниот комитет на партијата.
Си побара да се зајакне самодовербата, сите да останат обединети и да се преземат научни и насочени мерки за да се спречи и контролира епидемијата.
„Партиските комитети на сите нивоа треба да донесат научни и прецизни дијагнози за епидемиолошката состојба“, рече Си, барајќи единство во лидерството, командата и дејствувањето.