Кинеските власти ги повикаа сите Кинези да избегнуваат да патуваат во странство во обид да го запрат новиот коронавирус, јави кинеската државна новинска агенција Ксинхуа.
Со цел да се намали движењето на луѓето преку границата и со тоа да се спречи коронавирусот, граѓаните кои сакаат да заминат во странство треба „со причина да го изберат времето на патувањето со причина”, јави Ксинхуа, повикувајќи се на Националната управа за влез и излез.
– Ако нема посебна потреба, се препорачува да се одложи времето на патувањето, стои во препораката.