Хеликоптерот со кој загина НБА-ѕвездата Коби Брајант беше негово често превозно средство за да се избегне сообраќајниот метеж во Лос Анџелес. Поради тоа ова превозно средство беше нарекувано и „Мамба коптер“. Според податоците од воздухопловството, Коби со својот хеликоптер само во јануари летал дури 42 пати.
И во текот на актибната кошаркарска кариера, Коби често на мечевите на домашен терен во „Стејплс центарот“ доаѓаше со хеликоптер, а потоа и со него си одеше дома во округот Оринџ.