– Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, чија легитимност не ја признаваат многу земји во светот, предложил неколку меѓународни нафтени компании, вклучително и руската државна компнија „Росњефт”, да ја приватизираат нафтената индустрија на земјата, јави „Блумберг”.
Венецуелската нафтена индустрија беше национализирана за време на Хуго Чавез, по што производството на нафта во оваа земја драстично се намали.
Според изданието, претставници на венецуелската Влада преговараат со руската „Росњефт”, италијанската „Ени”, и шпанската „Репсол”. Владата на Мадуро има намера да ја предаде контролата на венецуелската нафта на странски нафтени компании за да се направи реструктуризација на долговите на државната „Пeтролео де Венезуела С.А”. (ПДВСА).
Се неведува дека западните компании стравуваат, доколку прифатат соработка со Мадуро, да се најдат под санкции на Вашингтон, истакнува „Блумберг”.
Венецуеала ги поседува најголемите потврдени резерви на нафта во светот. Национализацијата на нафтената индустрија заврши во 2007 година под Чавез, со експропријација на крупните наоѓалишта од западните нафтени компании.
Падот на цените на нафтата во првиот мандат на наследникот на Чавез, Мадуро, ја уништи венецуелската економија и нафтената индустрија на земјата.
Лани в март државниот секретар Мајк Помпео изјави дека руската „Росњефт” продлжува да купува нафта од „ПДСВА” и покрај американските санкции. Оваа ванецуелска компанија, според Помпео, станала личен банкомат за режимот на Мадуро, но и за руските олигарси и клептократи.
Во октомври, венецуелскиот весник „Ел национал”, објави дека Венецуела разгледува можност да ја предаде контролата на нафтената индустрија на земјата на „Роснефт”. Од руската компанијата тогаш изјавија дека не сакаат да коментираат шпекулации.