Манчестер јунајтед нема да „пазари“ во јануари

Бруно Фернандеш, најверојатно, нема да се пресели во зимскиот преоден рок во редовите на англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед. Клубот од „Олд Трафорд“ се поверојатно е дека во јануари нема да „пазари“. Ќе остане да ја одигра сезоната со играчкиот кадар кој го има на располагање.

Тренерот Оле Гунар Солскјер и раководството на клубот изразија потреба да ја засилат конкуренцијата во тимот со играч од средниот ред и напаѓач, но тоа тешко им оди.

Англиските медиуми објавија информација дека Манчестер јунајтед и Спортинг имаат голема разлика во проценката на отштетата за трансферот кој достигнува 20 милиони фунти. Во моментов, нема најави дека преговорите напредуваат.

Покрај тоа, Манчестер јунајтед се обиде да преговара и со Единсон Кавани, кој го напушти ПСЖ, но Уругваецот избра да замине во Атлетико Мадрид.

Треба да знаете
Последни објави