– Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го поздрави мировниот план за Блискиот Исток на американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи го како „исклучителен” и дека претставува „реален пат кон траен мир”.
-Ова е историски ден. Денеска ја исцртавте светлата иднина, сјајната иднина за Израелците, Палестинците и регионот, рече Нетанјаху на прес конференцијата со Трамп во Вашингтон, а неговиот план го спореди со одлуката на поранешниот американски претседател Хари Труман од 1948 година за признавање на израелската држава.
-Денеска станавте првиот светски лидер кој го призна израелскиот суверентитет над подрачјата во Јудеја и Самарија, кои се склучни за нашата безбедност и за нашето наследство, рече Нетанјаху користејќи ги библиските имиња за Западниот брег .
Нетанјаху потсети дека САД го признаваат Ерусалим како неделива престолнина на Израел и објасни дека планот предвидува палестинската престолнина да биде лоцирана во населбата Абу Дис, во предградие на Еруслаим, пренесуваат британските медиуми.