Политано во Наполи за 23 милиони евра

– Наполи го објави трансферот на Матео Политано од Интер. 26-годишниот напаѓач првично доаѓа како изнајмен за 18 месеци за 2 милиони евра, при што потоа се наметнува и задолжителна клаузула за откуп вредна 21 милион евра.

Офанзивниот играч не се вклопува во шемата на Антонио Конте, поради што реши да замине. Пред неколку дена тој беше на чекор да се врати во родната Рома, но во последен момент Интер се повлече од договорот.

Политано има три натпревари за италијанската репрезентација и еден гол во нив. „Нероазурите” платија 26,1 милиони евра на Сасуоло за неговите услуги пред две години.

Треба да знаете
Последни објави