Помпео го повика Ирак да го зачува својот суверенитет

 Американскиот државен секретар Мајк Помпео телефонски разговараше со ирачкиот премиер Адел Абдел Махди и му укажа дека Ирак треба да го зачува својот суверенитет и покрај „нападите” на Иран.

Тој го изјави ова еден ден по ракетниот напад врз американската Амбасада во Багдад, која се наоѓа во Зелената зона во градот која е многу обезбедена.

Во телефонскиот разговор, Помпео изрази „огорченост поради повторните напади на иранските вооружени групи врз американски објекти во Ирак”, се вели во соопштението на Стејт департментот.

– Ирачката Влада треба да преземе итни мерки за да ги заштити нашите дипломатски објекти, како што е предвидено со меѓународното право, напиша Помпео на Твитер.

Треба да знаете
Последни објави