Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Предлог за изрекување на мерка на безбедност – задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа за едно лице обвинето дека извршило кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.2 во врска со чл.12 ст.1 од Кривичниот законик.
Обвинетиот Ј.В.(56), во вечерните часови на 31 декември, во семејниот дом во село Чајлане, Сарај, во состојба на непресметливост поради трајна душевна болест-параноидно растројство, при вршење семејно насилство, со умисла го лишил од живот сопствениот брат Ќ.Д.(66).
Двајцата браќа најпрвин започнале да се расправаат, па во еден момент обвинетиот од џебот извадил нож и му нанел две сечни и три убодни рани во вратот на својот брат. Како резултат на брзото и обилно искрварување од вратните крвни садови, бил предизвикан недостаток на кислород во мозокот на оштетениот, па на 05.01.2020 година тој починал.