Раководството на актуелниот европски првак и лидер во англиската фудбалска премиерлигашка конкуренција Ливерпул се согласува со тренерот Јирген Клоп, во врска со каков состав да настапи на повторениот натпревар во ФА Купот со Шрусбери.
– Клубот ја поддржува позицијата на Клоп во однос на учеството на младинскиот тим во натпреварот за време на зимската пауза, воведена од Премиер лигата, е ставот на раководството на Ливерпул.
За потсетување, во првиот натпревар Ливерпул одигра 2:2 со Шрусбери. Новиот меѓусебен дуел е закажан за 4 февруари.