СДСМ продолжува посветено да работи на намалување на невработеноста и отворање нови работни места.
Тоа се потврдува и преку Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот, кој годинава ќе опфати околу 11.500 невработени лица.
За негова реализација се издвоени рекордни 1,45 милијарди денари за инвестиции во претприемништво, поддршка за креирање нови работни места, обуки и доквалификација, практиканство, а продолжува и реализацијата на Гаранцијата за млади.
За 2,5 години преку реализација на оперативниот план се вработија речиси 60.000 лица, со што стапката на невработеност се намали за 5,5 отсто, на рекордно ниски 17,1 проценти.
Со оглед на тоа дека самовработувањето преку стартување на микро бизниси се покажа одржливо, во 2020 година очекуваме стартување на нови 1.364 микро бизниси, но и спроведување на обуки и доквалификации за невработените граѓани, со фокус на младите луѓе.
Мерките кои досега беа креирани и имплементирани даваат резултат, тоа го потврдува намалувањето на стапката на невработеност кај младите лица, која што изнесува 35,3% споредено со 2016 година кога изнесуваше 48,6%.
Оперативните мерки предвидуваат обуки и доквалификации и за дефицитарни занимања, за да им се излезе во пресрет на потребите на пазарот на трудот, а со нив е планирано да се опфатат 3.224 лица.
Значајна сума од средствата за 2020 година се издвојуваат за субвенционирање на плати, вработувања и раст на компаниите, за обуки во информатичката технологија и други видови обуки кај работодавачите.
СДСМ продолжува со силна поддршка за поголема вработеност на граѓаните, затоа што решавањето на ова прашање е во директен интерес на сите граѓани.
Реализацијата на мерките што обезбедуваат нови и добро платени работни места и повисоки плати за работниците, продолжува. За СДСМ секој граѓанин е важен!