Од пред неколку дена официјално почна со работа стартап компанијата „DishWish” која испорачува здраво подготвена храна во договорен временски период и на саканата локација.
Компанијата доставува хроно, вегетаријанска и друг вид на исхрана согласно програмите на д-р Ана Гифинг, докторка која има патентирано своја програма за хроно исхрана.
– Секој оној што сака да ја следи хроно диетата, веќе нема никакви пречки и оправдувања и може за помалку од пет минути да се претплати на некое од достапните DishWish мениа и секој работен ден во текот на месецот да добива вкусно подготвен појадок, ручек и/или вечера, на саканата локација. Ова е одлична можност и за самите компании кои сакаат да обезбедат вкусен „бенефит” за својот тим, па своите вработени да ги „претплатат” на здрава исхрана додека тие се на работа, велат од компанијата.
Позади DishWish стои искусен кетеринг тим од главниот град и засега оваа услуга ќе биде достапна само во Скопје, со тенденција да се прошири на ниво на цела држава.
Повеќе информации може да се добијат на www.dishwish.mk.