Солскјер: Алексис ќе ви докаже дека грешите

– Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез ќе се врати во составот во текот на летото по едногодишен престој во Интер. 31-годишната ѕвезда пристигна на „Олд Трафорд” во јануари 2018 година и постигна 5 гола на 45 средби со тимот.

И покрај неговите тешкотии во 18-те месеци кога беше дел од тимот на Манчестер Јунајтед, тренерот на тимот, Оле Гунар Солскјер смета дека поранешниот играч на Арсенал ќе има што да покаже во црвениот дрес.

– Алексис ќе се врати следното лето и ќе ви докаже на сите вас дека не сте во право, рече норвешкиот стратег.

Алексис Санчез е најскапиот фудбалер на „црвените ѓаволи” откако заработува околу 400 000 фунти неделно. И покрај неговиот скоро нула придонес во Јунајтед по неговиот трансфер во „Олд Трафорд”, поранешниот играч на Арсенал и Барселона не жали за неговиот избор да премине во тимот.

Во текот на целата оваа кампања, Алексис Санчез се измачуван од повреди кои сериозно ги ограничија неговите настапи за Интер. Тој има одиграно само 7 пати за „нероазурите”, постигнувајќи еден гол.

Треба да знаете
Последни објави