Трговски центар во Сараево евакуиран поради дојава за бомба

Трговскиот центар ФИС во Халиловиќи, населба во Сараево, денеска бил евакуиран поради предупредување за поставена експлозивна направа.

Од сараевската полиција соопштиле дека информацијата за дојавата била добиена околу 12 часот, а потоа биле испратени екипи на местото на настанот, јави порталот „Кликс“.

По дојавата, зградата на трговскиот центар биле евакуирана, а полицијата врши претерс.

Треба да знаете
Последни објави