– Работите во Барселона со новиот тренер не одат како што очекуваше раководството. Иако Кике Сетиен дојде со етикетата на тренер кој практикува фудбал типичен за Каталонците, на „Камп Ноу” од далеку не владее радосна атмосфера по пристигнувањето на Кантабриецот.
Според новинарот на „Радио Каталонија”, Рамон Салмури, има 3 големи проблеми во Барселона по пристигнувањето на Сетиен.
Како прво, средбата со стратегот ги изненадила играчите, кои сметале дека тој премногу бара однив.
Второ, некои од играчите не ги разбираат идеите на новиот ментор, и трето, некои не разбираат каква улога сака тој да играат на теренот.
Како што е познато, Барселона го назначи Кике Сетиен на 13 јануари, откако го отпушти Ернесто Валверде. Со новиот ментор Каталонците одиграа три натпревари – победа над Гранада (1:0) и Ибица (2:1) и пораз од Валенсија (0:2).