Швајцарецот Роџер Федерер ќе игра во полуфиналето на тенискиот гренд-слем Австралија опен, откако утрово го победи Денис Сандгрен по голем пресврт во пет сета. Ветеранот Федерер спаси седум меч топки во меч што траеше три часа и 28 минути.
Федерер го доби првиот сет со 6:3, следните два сета со по 6:2 му припаднаа на Американецот. Во четвртиот сет кој траеше најдолго (час и пет минути) Федерер победи на тај-брејк со 10:8 при тоа спаси седум меч топки, а во решавачкиот петти сет беше 6:3.
Противник на Федерер во полуфиналетона гренд слем турнирот во Мелбурн, ќе биде подобриот од дуелот Милош Раониќ – Новак Ѓоковиќ.