Хеликоптерот удрил во рид со брзина од 270 километри на час

Хеликоптерот со кој ледендарниот НБА-играч Коби Брајант, неговата 13-годишна ќерка Џиџи и уште седум сопатници, тргнале на кошаркарски натпревар по лоши временски услови поради густа магла, морал да лета ниско, а пилотот се раководел со погледот кој го имал од кабината. За ниската надморска височина која ја држел пилотот бил предупредуван и од контролните кули.

Хеликоптерот „Сикорски С-76Б“ бил направен 1991 година. Полетал од аеродром оддалечен 55 километри од центарот на Лос Анџелес. Требал да лета 40 минути, време за кое било планирано да помине 112 километри за да стигне на северозападниот дел од градот каде се наоѓала кошаркарската академија на Коби каде бил и тренер, а настапувала неговата ќерка. Во прелетувањето на оваа дестинација требало да се помине и брдовит предел во кој со брзина од 270 километри на час се случила трагичната хеликоптерска несреќа во која нема преживеани.

 

Треба да знаете
Последни објави