– Хуманитарен брод со 403 луѓе спасени во Средоземното Море соопшти денеска дека добил дозвола за закотвување во пристаниште во Италија.
Неименуван извор од италијанското Министерство за внатрешни работи вели дека Германија и Франција ќе примат одреден број мигранти од бродот „Оушн Викинг”, управуван од француската невладина организација „СОС Медитеране”, а помош ќе пружат и Ирска и Луксембург.
„СОС Медитеране” соопшти дека му било кажано да ги превезе спасените, вклучувајќи 38 жени и 149 деца во Таранто, Италија.
Уште два спасувачки брода со 230 лица чекаат да се истоварат во Италија или Малта.
Матео Салвини, шеф на десничарската партија Лига, ја осуди одлуката да се дозволи впловување на „Оушн Викинг”.
„Бројот на пристигнувања (мигранти) се зголеми за 500 проценти во јануари 2020 година. Лудило!!!”, напиша Салвини на својот профил на Твитер.
„Оние што дозволуваат ова да се случи се соучесници”, оцени тој.
Италијанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во јануари во Италија пристигнале 870 мигранти, споредено со 155 во истиот период минатата година.
Во тој број не се вклучени мигрантите од „Оушн Викинг”.