– Американскиот министер за здравство Алекс Азар денеска ја повика Кина да биде отворена и транспарентна во врска со новиот коронавирус што ја зафати земјата, истовремено велејќи дека патните ограничувања мора да останат опција, јави ДПА.
Азар рече дека САД понудиле помош на Пекинг. – Ја повикуваме Кина: Поголема соработка и транспарентност се најважните чекори што може да ги преземете за поефикасен одговор, рече Азар на прес-конференцијата во Вашингтон.
САД веќе препорачаа патниците да избегнуваат да ја посетуваат Кина и ги предупредуваат луѓето дома да останат внимателни.
– Сега нема ширење на овој вирус во нашите заедници, рече Роберт Редфилд, шеф на Центрите за контрола на болести, додавајќи дека во САД здравствениот ризик сега е „низок”.
Тој истакна дека нема нови случаи во САД. Досега се потврдени пет случаи во таа земја.
Американски официјални лица исто така рекоа дека се подготвуваат за потребата од вакцина.