МВР информира за бизарна сообраќајка по која струмичанка со тешки повреди завршила во болница.
-На 27.01.2020 во 14 часот на улицата Ката Поцкова во Струмица, велосипед удрил во пешак Ц.Т.(68) од Струмица, по што велосипедистот го напуштил местото на незгодата. Ц.Т. се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Медицинскиот центар Струмица за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица, велат од МВР.