ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека министерот за здравство Венко Филипче пред време се распуштил од функцијата министер и не презел ништо во врска со коронавирусот, додека, како што велат, коси низ светот.
„Министерот за здравство Венко Филипче само продолжува со лагите. Сега на ред се лагите дека сè е под контрола кога станува збор за коронавирусот и сето ова го кажува во период кога сме сведоци дека проверката на патниците на скопскиот аеродром доцнела.
Министерот Филипче наместо да уверува и да тврди, во суштина само лаже. Да почне веднаш и без никакви одлагања да ги спроведува насоките од епидемиолозите и Светската здравствена организација.
Филипче да одговори дали надлежните имаат насоки за постапување, дали здравствените институции се подготвени да реагираат. Граѓаните гледаат дека Филипче и Владата предводена од СДСМ само лажат и на 12 април ќе стават крај на ваквото однесување“, се вели во партиското соопштение.