На 29 март Италија ќе спроведе референдум за уставна реформа, на кој граѓаните ќе се изјаснуваат за намалување на бројот на пратеници во Парламентот, јави ДПА.
Според предложената реформа, бројот на членот во Долниот дом ќе биде намален од 630 на 400 лица, а бројот на сенатори во Горниот дом ќе се намали од 315 на 200.
Редуцирањето на бројот на народни избраници во дводомниот Парламент ја има поддршката од Движењето „Пет ѕвезди”, оценувајќи дека станува збор за историска битка за укинување на привилегиите на често корупмираната политичка елита во земјата.
Левоцентристичката Демократска партија, која исто така е дел од владината коалиција, се согласи да ја поддржи реформата.
ДПА наведува дека критичарите сметаат оти ваквиот чекор е популистички и оти нема ништо значајно да смени, ниту во смисла на финансиска заштеда, ниту во борбата против привилегираните.