Дефанзивецот Дарко Глишиќ е нов член на Шкупи, откако денес си стисна рака со раководството на скопскиот тим и стави потпис на договор за една ипол сезона.
Дарко Глишиќ во ПМФЛ настапуваше за Вардар, со кој ја освои Лигата, како и за Скопје, Напредок и Тетекс, а во странство ги бранеше боите на Олимпик од Сараево, Динамо Тбилиси, Септември од Софија и Арда Карџали.
Глишиќ заминува веднаш за Анталија, каде тимот од Чаир се на зимски подготовки за веднаш ќе му се стави на располагање на тренерот Ќатип Османи.