ЕУ ќе стави на црна листа неколку руски службеници во врска со изборите на Крим

Земјите на Европската унија се согласија да стават на црна листа неколку руски службеници кои ги спроведуваа изборите на Крим во септември 2019 година, изјави дипломатски извор за руската агенција ТАСС.

– Постигнат е договор да се воведат ограничувања за неколку руски службеници во врска со изборите во 2019 година на Крим и Севастопол, посочи изворот.

Конечната одлука ќе биде донесена во текот на денот на Советот на ЕУ за општи работи.

Треба да знаете
Последни објави