(ФОТО) Жртва на Телеграм: Сандачето ми е полно со машки полови органи и ме прашуваат колку треба да платат за секс

Истражувајќи го овој случај, редакцијата на „А1он“ дојде до запрепастувачки информации. Првично, страотни се траумите што ги доживуваат девојките чии експлицитни фотографии сега се во рацете на над 7.000 лица. Второ, голем број членови во овие групи биле додавани од страна на припадници од МВР, што значи дека полициски припадници со месеци знаат и се дел од оваа појава, па оттаму е и сомнежот дали случајот воопшто може да добие разврска. И трето, во прашање се доведува функционирањето на цел систем, каде отсуствува контролата, и родителска и институционална, особено во поглед на сексуалното образование кај младината.

И оваа група по одредено време ја снемува, па се појавува новата, „Јавна соба“. Се редат членови еден по еден, се додаваат нови, меѓу нив и претставници од МВР, дел политичари, бизнисмени… Се множат видеа, фотографии, детска порнографија…

„Дел од овие жени не ни знаат дека се снимани или фотографирани. Дел се сега мажени, со деца, а нивни стари видеа кои ги испраќале на бившите, осамнуваат пред илјадници членови. Овие девојки немаат мир. Им пишуваат на нивните Инстаграм профили, ги прашуваат дали сакаат да имаат секс со нив, дали наплатуваат, им ги фотографираат нивните полови органи“, раскажувa жртва за а1он.

Друга соговорничка за „А1он“ ја раскажува нејзината голгота. Таа е сега мајка на малолетно дете, а по објавувањето на нејзини фотографии кои ги испраќала на бившиот сопруг, таа доживува константни трауми. На нејзиниот телефон пристигнуваат содржини од кои и самата се срами, чувствувајќи се како виновник за нешто што го сторила за друг – не за пари, не за себепромоција, туку за свој партнер.

„А наместо тоа, моето сандаче е полно со машки полови органи и луѓе кои ме прашуваат колку треба да платат за секс“, вели таа.



Целиот текст прегледајте го на А1.on.mk

Треба да знаете
Последни објави