Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев на денешната јавна дискусија за предлог-законот за јавно обвинителство во Собранието на Македонија остро искритикува дека се смешни и дилетантски одредбите во законот, како и дека продолжувањето на постапките не е нова сезона од серијата „Френдс“.
Тој истакна дека и во овој предлог-закон има неколку нејасни одредби.
Тој остро искритикува дека постапките кои се спорни не може политички субјект да ги воскресне.
Според него, во иднина треба да се води сметка кандидатите за овие институции, како претседател на државата, Специјален јавен обвинител, државен јавен обвинител, да бидат луѓе со интегритет.
-Не сакам да се фалам дека јас го кажав прв, но и други знаевме каков обвинител беше Катица Јанева. Тоа беше важно за во иднина да се води сметка за кандидатите за вакви функции, да бидат со интегритет што носи гаранции. Немаше потреба поради инцидентот со Јанева да се закопа обвинителството. Контекстот со независноста во истрагите, истражните центри се позитивна работа. Марко Зврлевски намерно не ги заживеа истражните центри“, рече Кајалџиев.
Според него, законското решение било добро, но требало да остане делот каде има обвинители кои ќе работат на криминали од политичари. Тој во своето обраќање во Собранието кажа дека СЈО било добар концепт.