Најмладата милијардерка Кајли Џенер (22), честопати летала со хеликоптерот на Коби Брајант и го изнајмила пред два месеци за 3. роденден на нејзината внука Дрим Кардашијан.
Кајли не може да верува дека Коби Брајант и неговата ќерка Џијана ги загубиле животите во истиот хеликоптер во кој на 29 ноември се возеле таа и Дрим Кардашијан.
Кајли летала неколку пати во хеликоптерот во кој Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џијана ги поминаа своите последни моменти од животот, пред фаталната несреќа во Калабасас на 26 јануари.
Сопственичката на „Кајли козметик“ ја откри оваа застрашувачка вест додека им оддавала почит на шампионот на НБА и неговата ќерка Џијана на „Инстаграм“. Кајли објави фотографија од сите девет жртви.
„Почивајте во мир и да се молиме за овие семејства … сè уште не можам да верувам дека се случило тоа. Тоа беше хеликоптерот со кој летав од време на време со пилотот Ар. Тој беше толку прекрасен човек“, напиша Кајли на својот инстаграм-профил