Австралиската актерка Марго Роби (29) работеше на три филма последниве месеци, а за филмот „Тие се бомби“ ја доби втората номинација за „Оскар“ .
Русокосата убавица е снимена на пат кон аеродром и уште еднаш докажа дека изгледа фантастично и без шминка.
Сепак, на лицето на актерката се забележува замор, што не изненадува бидејќи таа беше преокупирана со правење хитови, како „Беше еднаш во Холивуд“, „Тие се бомби“ и Birds of Prey, а заработи уште една номинација за престижната награда „Оскар“.
На 92. доделување на 9 февруари 29-годишната актерка ќе се натпреварува за првата златна статуетка во својата кариера во категоријата најдобра споредна актерка за улогата во филмот „Тие се бомби“.